За нашите најверни!
Почитувани,
Центарот за убавина Unique, по укажаната Ваша доверба, одлучи да пушти во оптек потрошувачка картичка за клубот на нашите најверни потрошувачи.
Право на членство има секој државјанин на Р. Македонија кој има над 18 години.
Се што треба да направите е да побарате формулар за членство од вработените во Unique, да го пополните и оставите во Unique, по што ќе Ви биде издадена персонализирана картичка од Клубот најверни на Unique. Или уште поедноставно, сега е достапен и на нашиот сајт во online форма. Само пополнете го и поднесете го!
КЛИКНЕТЕ ТУКА!.
Потрошувачката картичка Ви овозможува да добиете попусти и поволности, дополнителни подароци и секако, ценето членство.
Со секое купување во Unique со потрошувачка картичка се добиваат поени во период од секои три месеци, поените се собираат и на крајот од третиот месец се издава вредносен ваучер од собраните поени и вредносниот ваучер му се доделува на корисникот на Unique потрошувачката картичка (Доколку износот на собраните поени изнесува помалку од 200 денари, истиот износ се префрла во наредниот период). Добитникот, вредносниот ваучер го користи за купување во Центарот за убавина Unique.
За состојбата на Вашите поени можете да се информирате во Центарот за убавина Unique или на e-mail адреса marija.remenska@skp.com.mk.
Вашата желба за членство е наша особена чест и задоволство.
Искрено Ваш, Unique.